За нас

За нас

КУПИ РЕЦИКЛИРАНО е бренд кој вклучува производи направени од текстилен отпад од конфекциите од општина Штип.
Ова е резултат на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“,  финансиски поддржан од Глобалниот Еколошки Фонд ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија, а го реализираат здружението Ино Тех Клуб, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Универзитетот Гоце Делчев. 

Проектот има амбициозна но остварлива цел – собирање на 6 тони текстилен отпад од градот на текстилот Штип и негово рециклирање во производи со додадена вредност. Првиот чекор веќе е направен. Првите производи, дизајнирани од студентите на Техничко-Технолошкиот факултет од Универзитетот Гоце Делчев Штип, под водство на доцент Сања Ристески привлекоа големо внимание на јавноста. Следните чекори допрва следуваат – рециклирање на нови количини отпад, производство и онлајн продажба на производи од текстилен отпад.

Глобалниот Еколошки Фонд ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија поддржува здруженија во нивните активности кон намалување на климатските промени, зачувување на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите / неразградливите органски загадувачи и спречување на деградацијата на земјиштето истовремено создавајќи одржливост.

 
Newsletter

Претплати се и биди во тек

    Кон врвот
    Welcome

    Купи рециклирано

    ДРАГА ПЛАНЕТО НИЕ БИ САКАЛЕ ОД ТЕБЕ ДА РЕУПОТРЕБИМЕ ДЕЛ ОД ТЕКСТИЛНИОТ ОТПАД КОЈ ТЕ НАГРДУВА И ТЕ ТРУЕ.
    Следете нѐ на социјалните медиуми